Од болницата Плодност информираат дека 2022 година ја завршиле со најмногу породувања до сега.
„Во годината која што ја оставивме зад нас, 2022 година, го имавме досега најголемиот број на породувања во нашата болница, бидејќи ја надминавме бројката од 700 бебиња.
Низ бројки, минатата година имавме 354 машки новороденчиња, а 349 беа женски.
Од нив, имавме 24 пара близнаци, а 67 дојдоа на свет преку инвитро постапките.
16 бебиња беа родени со постапката за породување во вода, метода која се изведува само во Болница Плодност во нашата држава.
Благодарение на докажаната доверба од страна на нашите пациентки, оваа 2023 година очекуваме да биде уште порадосна, повесела и побројна во однос на новороденчиња“, се вели во информацијата од болницата Плодност.

Фото: Болница Плодност












