Наместо на судење, обвинет за „Насилство во Центар“ заминал на службен пат во Хрватска

0
358

Наместо да дојде во судница како обвинет во случајот „Насилство во Центар“, Александар Трајковски заминал на службен пат во Хрварска. Како што појасни судијата Душко Јосифов, обвинетиот кој е советник во општина Гази Баба доставил оправдување дека градоначалникот го испратил на службен пат.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да се обрати до градоначалникот и да го праша дали присуството на советникот во Хрварска било неопходно и дали тој знаел дека советникот треба да присуствува на закажано судско рочиште.

Судијата само констатираше дека денешното рочиште се одлага, а наредното е закажано за 6 јуни.

Обвинителката Фетаи реагираше и дека ова е најстариот предмет на СЈО, а заостанува зад другите.

fokus.mk