Наноси кал во Швајцарија носат сѐ пред себе (Видео)

0
634

Во Швајцарија се забележани опасни наноси од поплавите. Поради обилни дождови, од планината во Шамозон се спуштила обилна количина вода во комбинација со земја и делови од карпи. Тоа резултирало со густа каллива маса со парчиња камења што го преплавило речниот ток во Шамозон.

Минувачите снимиле како изгледа оваа опасна ситуација. Имено, големата количина на каллива маса која се спуштала надолу по планината била преголема за коритото на реката.Кога калливата маса дошла до мостовите, таа во целост не можела да помине под нив, па кал и камења летале во воздух. Како што може да се види на снимките, опасна количина на кал, камења паѓале на патот, автомобилите и блиските куќи.

mkd.mk