Нападната француската амбасада во Буркина Фасо

0
170

Пукотници и експлозии се слушнале во близина на седиштето на армијата на Буркина Фасо и амбасадата на Франција во главниот град Уагадугу.

Како што пренесува Би-Би-Си, очевидци рекле дека вооружени лица излегле од кола по што почнале да пукаат движејќи се кон амбасадата.

„Во моментов се одвива напад“, напишал на Твитер францскиот амбасадор во Буркина Фасо.

Истовремено се одвивал и паралелен напад во близина на канцеларијата на премиерот на државата.

Полицијата веднаш соопштила дека специјалните сили биле на терен.

Градоначалникот на Уагадугу за „Ле Монд“ изјавил дека се работи за напад од џихадисти.