Нападот врз новинари во Кабул, атак врз демократијата

0
155

Соединетите држави го осудија убиството на новинари во вчерашниот бомбашки напад во Аганистан и ги обвинија милитантите за обид да ги спречат претстојните избори со тоа што вршат напади врз „камен темелникот на демократијата“. Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер оцени дека двојниот самоубиствен напад во Кабул во кој загинаа 25 луѓе, вклучувајќи и деветмина новинари бил бесмислен и варварски чин. „Независните медиуми се камен темелник на демократијата“, напиша тој. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот. Меѓу убиените се и двајца новинари на Радио Слободна Европа, и една жена која наскоро требаше да биде дел од РСЕ

slobodnaevropa.mk