За прв пат направено во Македонија, ендоскопско остранување на матка и јајчници по багинален пат или „VNOTES“ (vaginal natural orifice transluminal endoscopic surgery).
„Со лапароскопски инструменти извадовме по вагинален пат матка и јајчници кај 65 годишна жена. Пациентката истиот ден се мобилизира од кревет и за 24 часа ја напушти болницата. Немаше никакви болки, немаше посекотини на кожата и брзо ќе се врати ма своите нормални работни обврски. Бидејќи лапароскопската хирургија постепено ја замени класичната хирургија, оваа нова техника VNOTES ќе стане хирургија на иднината и се повеќе пациентите ќе ја бараат, бидејќи ќе го почувствуваат бенефитот од истата“, вели д-р Христијан Трпчевски, кој заедно со д-р Сотир Ропи, анестезиологот д-р Филип Трајковски и инструментарката медицинска сестра Николина Ристевска, испишаа историја за прва направена ендоскопска операција по вагинален пат во Македонија.












