Уште еден празник за културата и уметноста. Вака денеска рече директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски по повод 48- та државна изложба на детски ликовни творби, на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Денеска се сретнавме со дел од младите уметници, учесници на изложбата.

Претседателот на жири комисијата Панде Петровски денеска доби и признание за особен придонес во развојот на оваа манифестација чиј дел е децении наназад.


За отворена изложбата ја прогласи претседателката на Советот Габриела Илиевска, а изложбата ќе можете да ја погледнете до 20 јуни.












