600 изложени творби, 7 награди за колекции на основни училишта и нивните ликовни педагози, две специјални награди за контиумирано четирипати по ред добиена награда за најдобра колекција, 57 училишта кои со своите ликовни педагози и ученици се дел од изложбата којашто денеска беше отворена во Центарот за култура, државната изложба која е посветена на народното творештво, како инспирација.

Каја Наумовска од Основното битолско училиштe „Даме Груев“ е добитник на првата награда од поединечната конкуренција на најуспешните ликовни творби. Таа ни кажа дека ја нацртала мајка Тереза, затоа што таа е од Македонија и е добитник на Нобелова награда за мир и сите други нејзини активности кои и претставувале инспирација.
Изложбата е вистинска можност за осознавање на богатата македонска традиција, фолклор и негово преточување во нешто што подразбира трајна вредност.

„Нашата традиција е многу богата особено македонскиот фолклор изобилува со уметност. Многу често знам да кажам дека народната носија на пример е своевремено ремек дело“ вели директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски.
Ако децата во ова современо време се „нападнати“ со различни влијанија од социјални медиуми, различни игри и се повеќе се отуѓуваме од она нашето, исконското, тоа што е фолклор и еден идентитет, таа се радува што преку ваквиот тип на изложби и работилницата којашто ја организираат во рамки на„Илинденски денови“ децата имаат имаат можност да се вратат еден чекор назади да се свртат кон тоа што сме ние. А изложбата покажува дека децата ( авторите н.з) минале низ истражувачки процес за да се добијат прекрасните ремек дела, а Илијевски смета дека изложбата нуди дела кои парираат на реномираните уметници.
Ова е најстарата изложба од ваков вид во државата, а гости доаѓаат од целата држава, што за секој мора да биде показател дека ова е нешто што вреди да се прави во следните 49 години, ни реше Маја Андоновска-Илиевски. Се повеќе се шири, многу генерации се испратени со изложбата.
„Оваа година пристигнаа преку 1.500 цртежи од коишто селектиравме 610 да ги изложиме на изложбата и тие се од 57 колекции од основни училишта ширум Македонија. Секоја година имаме еден мозаик во зависност од што се инспирирале дечињата“, вели Валентин Соклевски, координатор на оваа изложба.

Во секо училиште има ликовни педагози и ментори кои согласно темата им држат предавања на учениците итн. Но, секое дете се воспитува и во семејството . Така многу мотиви кои ги инспирирале ги носи и од семејството – објасна Соклевски на прашањето што доминира како мотив годинава споредувано со претходните.
„ 70-80% на мозаикот темите се слични меѓутоа 100 % деца се различни“- рече Соклевски.
Уметникот и ликовен педагог Панде Петровски како предводник на жири комисијата е задоволен од годинешната изложба, од фактот дека в година ќе се одбележат 50 години, од белегот што изложбата го втиснува во животите на младата генерација македонски ликовни уметници.

„Не само што добивале награди, туку конкретно за Битола, но се однесува и за пошироко, во Битола има мои ученици кои откако беа наградувани како ученици сега добиваат награди и за колекција како професори, како ликовни педагози. Продолжиле во сликарството. А има произлезено оттука доста таленти кои што се познати и пошироко и низ светот. “ – рече тој одговарајќи на прашањето за влијанието што изложбата го има кај генерациите.
За влијанието на изложбата врз млaдите творци, врз почитувањето на историјата како појдовна точка на сегашното за во иднина, влијанието врз начините на пренесување на наставната програма, па дури и влијанието врз други вакви или слични изложби анализите можеби ќе ги порават институциите од областа на социолошки и културолошки истражувања.

А организаторите имаат задача годинава да ја испланираат и организираат 50-та, јубилејна изложба.











