Попладнево се огласи и Народната банка на Македонија, во врска со информцијата на Македонската банкарска асоцијација, дека картички се недостапни на банкоматите или во трговијата.
„Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард.
До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките.
Народната банка континуирано ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите.
Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент“ стои во соопштението на Народната банка.












