Народниот правобранител отвори предмет за бебето оставено пред Домот за доенчиња во Битола

0
139

Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори предмет по сознанија во медиумите за случајот со малолетничката која го остави штотуку родено дете пред Домот за доенчиња во Битола.

„Веднаш ги задолживме нашите службени лица во Оделението  за заштита на правата на деца и деца со попреченост, покрај писмените барања и информациии согласно надлежностите на народниот правобранител да  извршат службени разговори со Центарот за социјална  работа во Тетово од причина што јавноста беше информирана дека е утврден идентитетот на мајката, односно дека станува збор за  жителка на општина Тетово“ изјави за МИА заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Женското бебе, кое минатата недела беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола беше пронајдено од 50-годишен битолчанец.