Насоки и струки во СОУ„Таки Даскало“

В понеделник се уписите за идните средношколци. Со насоки и струки кои што се барани на пазарот на трудот и СОУ „Таки Даскало“ од Битола, в понеделник ќе ги отвори вратите за идните средношколци. И годинава поради пандемијата со ковид 19 уписите ќе се вршат согласно препораките  и протоколите од Министерството за здравство.

„Во стручното и во гимназиското образование ние настојуваме постојано да одиме напред и во чекор со времето, така што секоја година запишуваме нови струки кои што се во тренд  со времето и кои што се барани на пазарот на трудот, а се воведуваат и новини во гимназиското образование. Од претходната година имаме билингвална паралелка на англиски јазик, каде што учениците се стекнуваат со одредени знаења кои што им го отвораат патот на универзитетите во државава и пошироко во светот“, рече Добре Босилковски, директор на СОУ„Таки Даскало“ Битола.

Зошто „Таки Даскалот“ да биде избор за идните средношколци ?

„Првата причина е затоа што ние нудиме лепеза од образовни профили, поаѓајќи од гимназиско образование, потоа сообраќајна струка, графичка струка, градежно-геодетска струка, рударска, текстилна струка, туристичко-угостителска и на крај завршуваме со лични услуги.Тоа е едната причина, а другата причина е тоа што имаме наставен кадар со висока стручна подготовка. Голем дел од нашите колеги се магистри и доктори на науки, често пати ние сме на научни конференции на кои што настапуваме со наши лични трудови и експерти во својата област, што значи родителите на идните средношколци нетреба воопшто да се грижат, затоа што нивните деца ќе има што да научат и од кого да научат, рече др.Валентина Николовска, професор по македонкси јазик во СОУ„Таки Даскало“.

Директорот ја напомена поддршката од страна на локалната самоуправа во реализација на инфраструктурните зафати кои што ги направиле во изминатиот период, а за летово најави уште и реализација на неколку други прокти меѓу кои и изградба на спорски терени.

„ Не очекува јавна набавка за реконструкција на школскиот двор каде што ќе бидат изградени спорски терени од најразличен вид по најсовремени стандарди. После завршувањето на спорстките терени, со подршка од МОН ќе почннеме со реализација на проект реконструкција на спортските сали во училиштето, како и целосна реконструкција на скалите во Блок Б“, додаде Босилковски.

Според конкурсот на МОН во „Таки Даскало“ во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми. Три паралелки се за гимназиско образование од кои една е билингвална паралека каде наставата се изведува на македонски и англиски јазик, каде што се потребни минимум 60 поени за упис. По една паралелка е придведено за  Геолошко – рударска и металуршка струка –, Градежно – геодетска струка, Текстилно – кожарска струка, Угостителско – туристичка струка и насоката лични услуги, а за најбараните сообраќајната и графичката струка предвидени се по две паралелки, каде што во двете насоки ќе можат да се запишат по 68 ученици.

 

Сподели