Наставници кои останаа без работа и денеска побараа средба со Петровска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Наставници кои останаа без работа, денеска повторно побараа средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Велат дека неколку пати досега побарале  да се сретнат со градоначалничката, но досега не биле повикани на разговор.

Како што веќе инфомрираа медиумите седумдесет и пет просветни работници од градинките, основните и средните училишта во Битола на почетокот на второто полугодие останаа без работа откако новата локална власт не им ги продолжи договорите за работа.

Од општината преку соопштени се огласија во јавноста.

„ Бидејќи Градоначалникот на Општина Битола, г-ѓа Наташа Петровска, денес е со однапред договорени средби со Амбасадорот на ЕУ, господин Самоел Жбогар, ги повикува претставниците на невработени учители, кои бараат прием, да се обратат до кабинетот на градоначалникот и да договорат термин за  средба во текот на следната недела“ стои во информацијата до медиумите.

Петровска од Пелистер со изјава на оваа тема.

фото:апла.мк

 

Share.