Настапи за паметење на Skopje Sounds Good и Skopje Calling

Фестивалите Skopje Sounds Good и Skopje Calling, кои ги обединија македонските, но и најактуелните регионални состави , се одржаа во Младинскиот културен центар- Скопје во организација на Авалон продукција.

Skopje Sounds Good се одржа со настапи на Buč Kesidi, Nipplepeople и Funk Shui, а следниот ден се одржа македонското издание на Skopje Calling со домашни диџеи и тоа: Galoski, Cyrillic, Chris J и Jana Slayy.

Buč Kesidi- моментално најдобриот регионален млад бенд,настапија во Скопје, после многуте распродадени концерти низ балканот, меѓу кои и петте последователни sold out настани во Загреб и оној во белградски Калемегдан.

Дуото Nipplepeople од Загреб, се на сцената од 2008 година кога и го издадоа првиот сингл „Број“. Локалниот успех го претвораат во национален после објавувањето на песната „Сутра“, по што следеа и настапи на едни од најголемите регионални фестивали. Во 2017-та година бендот го промовираше новиот сингл „Фрка“, која стана своевремена химна кај урбаната популација. Заразната поп-електроника на Nipplepeople која реферира на 80-тите години, нуди современ урбан звук на електронската денс музика што ги прави Nipplepeople едни од најдобрите состави на Балканот.

Funk Shui, еден од омилените македонски бендови со својот исклучителен талент, харизма, енергија на сцена и константната работа во својот free flow израз, го привлече интересот кај публиката низ целиот Балкан и за брзо време стана еден од најперспективните бендови во земјава и пошироко. Со градските химни како „Виулица“ и „Крик“, идните евергрини „Стаклени нозе“ и „Деца“, како и последните големи хитови „Метеори“, „Ветер“ и „Невреме“, Funk Shui заслужено го потврдија своето „место под сонцето“ на македонската и регионалната музичка сцена.

Македонскиот диџеј и продуцент со светска кариера, нашиот Galoski, чии изданија добија огромна поддршка од најдобрите светски диџеи на сите времиња– Tiesto, David Guetta, Martin Garrix, Steve Aoki, Afrojack и уште многу други, подготви сет за паметење.

Македонското електронско дуо Cyrillic  се познати по нивниот уникатен стил и настапи, браќата Бојан и Андреј исто така настапија со ексклузивен сет за паметење.

Skopje Sounds Good и Skopje Calling се одржаа согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.

Сподели