Наташа Гулабовска Георгиевска најдобра на Вешта жена во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И оваа година битолчанки ги покажаа своите кулинарски вештини на 22-та по ред манифестација „Вешта жена“ на Битола.
-Битолчанки секогаш не воодушевуваат со своите креации-истакна претседателката на Вешта жена на ниво на Македонија, Снежана Стојановска.

Оваа година во конкуренција беа пет маси, а за победник е прогласена Наташа Гулабовска-Георгиевска и масата која беше на тема „Барок“. Победничката ќе учествува на главната манифестација во Тетово која ќе се одржи на 12-ти мај.

– Ретко која манифестација се одржала 22 години, сите ќе се одржат по неколку години и згаснуваат. Оваа година организацијата ни беше на високо ниво и оваа беше една од најуспешните манифестации последните години. Битолчанки пак, секоја година се враќаат со награда, каде и да учествуваат –  вели Марија Билјановска, организатор на „Вешта жена“ во Битола.

Останатите учеснички беа Гордана Стојковска, Билјана Наумовска,, Андријана Петровска и Соња Богданоска.

На манифестацијата, на Лидија Павловска и беше доделено признание за просветен работник. Признанието од областа на медицината го доби д-р Габриела Гулевска, а од областа на бизнисот признание доби Цана Митровска.

Покрај оваа манифестација беше одржана манифестацијата Вешто дете во Дојран, на која учествуваа деца од 15 градови од Македонија.

 

Share.