НАТО од денеска патролира на небото над Црна Гора

0
143

Борбени авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, од денеска започнуваат со редовно патролирање во црногорскиот воздушен простор, како и негова заштита, соопшти црногорското Министерство за одбрана.

По тој повод, како и по повод првата годишнивна од членството на Црна Гора во НАТО, ќе биде организирана вежба на приземјување на летало-натрапник, пренесува РТЦГ.