НАТО ја поддржува Британија во спорот со Русија

0
160

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата стои зад Британија во нејзинот спор со Русија околу труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англиското гратче Салсбери. Столтенберг на заедничката прес конференција со шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека сите 29 земји членки на НАТО се солидарни со Британија. Лондон тврди дека Скрипал и неговата ќерка биле отруени со нервен гас и од тогаш се во критична состојба. Британија оцени дека Русија била вмешана во случајот. Москва тоа го демантира.