ТЕРА

REKLAMA???

НАУМОВСКА: ЛИЦЕМЕРНИ СЕ ГОВОРИТЕ НА КОЊАНОВСКИ И ВМРО ДПМНЕ

Денеска во Советот на Општина Битола е ребалансот на Буџетот. На почетокот на седницата градоначалникот Тони Коњановски кажа зошто очекува да биде поддржан овој ребаланс од Советот, а вчера од прес конференција кажа и што се нема да се реализира, ако СДСМ не го поддржи.

„Во сценариото лицемерни говори на бившите советници, а сега први луѓе во општината, им фали овде уште солзи да пуштат во молењето за да го поддржиме небулозниот ребаланс кој што ни го нудат и да не расплачат и нас овде сите, а и битолчани“, рече советничката од СДСМ, Жаклина Наумовска на денешната седница.

Според неа, тие сега очајно се труделе да најдат алиби уште еднаш да ја изманипулираат битолсската јавност, како тие што милувале да кажат дека СДСМ и Коалицијата се криви за нивната неспособност и расипничкото трошење на парите на граѓаните, рече Наумовска.