ТЕРА

REKLAMA???

НАУТРО СВЕЖО ВРЕМЕ, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДО 30 СТЕПЕНИ

Наутро свежо, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени.

Во Битола минималната околу 9, а максималната до 26 степени.

Следува период на стабилно време со повремена умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура од вторник малку ќе опадне, а дневната температура наместа во Повардарието ќе надминува 30 степени.