Битолскиот универзитет го одбележа патрониот празник. Прославата почна во Битола, а продолжи во Прилеп на Научниот институтот за тутун и се тоа под мотото „ЕДЕН ВЕК НАУКА И ЗНАЕЊЕ“.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, Митрополитотот г-н Петар, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, бројни научни работици, студенти и луѓе директно вклучени во истражувачката и производна работа поврзана со Институтот за тутун во Прилеп, ректорот Игор Неделковски, проректори, професори, присуствуваа на одбележувањето на 100 годишнината од постоењето на оваа светски врвна македонска институција.

„ Научниот институт за тутун – Прилеп не е само одговорен чувар на стекнатото знаење, туку и посветен актер во неговото продлабочување. Како дел од основачите на Меѓународната организација за проучување на тутунската култура – CORESTA,… Со публикација на единственото меѓународно списание ТУТУН/TOBACCO, со своите пет акредитирани лаборатории и активната улога во процесот на стручното дуално образование, институтот за тутун остава академски белег, но и земјоделски траг. Почитувани, 100 години постоење, еден век знаење, упорност и иновации е не само за вас, туку и за мене, голем успех, вреден за одбележување. Од срце и со ум Ви го честитам иако во животот не сум пробала тутун…Ви посакувам извесна и сигурна иднина.“ – порача во обраќањето македонската претседателка проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.

Дали пушел тутун или не, историјата не бележи, но низ видео и театарски перформанс за присутните се долови историјата на формирањето на Институтот во далечната 1924 година од Рудолф Горник, инженер-агроном од Сремска Митровица, прашки дипломец кој предложил во тогашната држава да се отвори експериментална / опитна станица на местото кадешто до денес се наоѓа главната зграда на Институтот. Неговото име е впишано во листата основоположници на тутунската наука во Македонија. Неговиот правец кон истражување на нови сорти подобни за македонското поднебје до денес ги предизвикува експертите и производителит : „ориентален Прилеп 10“,„Прилеп 12“, „Јака-киречилер“, „Отља“, започнал да го испитува „Вирџинија“.
Проф. Д-р Валентина Пеливановска, директорка на Научниот Институт за тутун во своето обраќање исполнето со анализа на целовековната работа рече „Денес Институтот е единствеа овластена државна институција за производство на сертифициран семенски материјал… И она што посебно импонира е неговата репутација… имаме и акредитирани лаборатории , даваме услиги и стручна контрола за квалитетот на почвата, водата, ѓубривата, контрола на здравјето на растенијата, автентичноста и квалитетот на тутунските производи и тутунот кои се во функција на обезбедување квалитет, конкурентност и одржливост.“ и додаде

„Како единица на универзитетот Св. Климент Охридски во Битола Институтот генерира и знаење, едукација на втор и трет циклус студии, специфични студиски програми преку кои младите интелектуалци се стекнуваат со знаење, се стекнуваат со вештини и се оспособени да се вклучат во тутунската индустрија и земјоделскиот сектор воопшто…Институтот е подготвен да зачекори во новото столетие, исправен пред иднината која секогаш е непредвидлива. Но ние сме подготвени затоа што со нашето знаење и капацитет сме ги осветлиле барем првите 10 години на идните движења на оваа индустрија. “
Оснивачите на Институтот веројатно ниту помислувале дека некои луѓе ќе прославуваат 100 години активно постоење на нивното дело, а други луѓе ќе прославуваат 200 години и покрај сите предизвици со кои се соочува индустријата на тутунот во светот, рече ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ проф.д-р Игор Неделковски.

„Научниот институт за тутун, заедно со десетте факултети една висока школа и пет придружни членки, сите сме УКЛО. Не случајно, заради ваквите капацитети на Институтот ректорската управа на универзитетот „Св. Климент Охридски“ оваа година ја отстапи на користење и управување централната универзитетска биохемиска лабораторија во која повеќе години стоеше неискористена вредна лабораториска опрема. Бидејќи препознавме дека само овој институт има потенцијал-човечки и финансиски да ја стави во употреба таа лабораторија. “

Одбележуавњето на 100 годишнината од постоењето на Научниот Институт заврши со доделувањето на благодарници на сите кои се вградиле во работата на Институтот и разВојот на земјоделската и тутунската наука во државава. Се одбележа во рамките на одбележувањето на 45 годишнината од формирањето на универзитетот „Св. Климент Охридски“, како потсетување на научната мисла што на овој простор доминирала во времето на Светиот Климент Охридски.











