Националниот празник на Бугарија свечено одбележан во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

3 -ти март, националниот празник на Р.Бугарија, генералниот бугарскиот Конзулат во Македонија со седиште во Битола, го прослави заедно со многуборјните пријатели и соработници во ресторанот на хотел Премиер. Имено се одбележаа
140 години од востановувањето на бугарската држава.

-Пред точно 140 години на 3 ти март, се потпиша Санстефанскиот договор помеѓу руската и османлиската империја, со кој се воспостави независноста на Бугарија.Пред тоа скоро 500 години, Бугарија беше под османлиско ропство, така што тој светол датум го отвори патот на Бугарија да се врати во групата на европските народи и да се потврди како самостојна држава-истакна на свеченоста генералниот Конзул на Бугарија Теодор Русинов и додаде-во изминатите години гледаме дека Бугарија постигна значителен напредок. Станавме членка на НАТО, на европската унија и заедно со своите партнери работиме на интегрирањето на целата Европа за едно подобро утре  на нејзините народи. Во овој момент сакам да истакнам дека на соседна пријателска држава Македонија и посакуваме влез во НАТО и ЕУ., каде е нејзиното заслужено место. Ние помагаме во секој чекор кон развојот на тој евроинтеграциски процес. Бугарија е претседател на советот на европскиот сојуз и еден од основните приоритети е да работиме кон побрза интеграција на државите од западниот Балкан во ЕУ. и верувам дека за скоро време ќе имаме конкретни резултати.

Празникот на ослободувањето на Бугарија – 3-ти март, за првпат се слави во Велико Трново во 1879 година.

Во 1880 година, 3-ти март се слави и во Софија. Од 1888 година празникот почнува да се прославува како Ден на ослободувањето на Бугарија од отоманското ропство.

Денот на ослободувањето на Бугарија е национален празник на Бугарија од 1990 година.

На овој ден се даруваат и црвено белите мартинки. Еден од обичаите вели дека мартинката се добива како подарок и никогаш не се купува за себе.

Share.