Нашите во Загреб

0
1557

Повредата на Филип Миркуловски не е сериозна, тој вели дека ќе биде подготвен за утрешниот меч против Црна Гора иако денешниот тренинг го почна одвоено од останатите.

„Добро го почнавме шампионатот, со победа над Словенија, утре не очекува нов натпевар против Црна Гора. Тие загубија лесно против Германија, но тие во нас ја гледаат својата шанса, па можеби криеа нешто на синоќешниот меч. Утре мора да победиме, инаку вчерашната победа нема да има никакво значење“, вели Филип Миркуловски.

А таму се и бројните фанови од Македонија кои ќе ја бодрат нашата репрезентација.

фото: социјални мрежи