Најдено мртво тело за кое се смета дека е на македонската глумица Адеа Шабани?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полицијата во Лос Анџелес во понеделникот пронајде мртво тело за кое верува дека на исчезнатата моделка и глумица од Македонија, во плиток гроб на 80 километри северно од Сакраменто, објавија денеска властите.

Детективите на лосанџелеската полиција, кои го истражуваа исчезнувањето на 25-годишната Адеа Шабани во февруари, следеле траги што ги однеле до брегот на Драј Крик во областа на резерватот Спенсевил во округот Невада, каде што ги откриле останките.

Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи во ЛАПД вчера на прес-конференцијата во центарот на Лос Анџелес рече дека истражувачите веруваат дека телото ѝ припаѓа на Шабани, но не може да се каже со сигурност поради состојбата на останките.

Тој рече дека инспекторите веруваат дека е во прашање убиство, но чекаат аутопсијата да ја утврди причината за смртта. Аутопсијата е закажана за утре наутро.

линк

Share.