Најден мртов во провалија длабока 50 метри

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 10.07.2018 година околу 14,00 часот во Полициското одделение Зајас било пријавено дека на локалниот пат за с.Речани, во провалија длабока околу 50 метри, пронајден бил Г.Џ.(58) од Кичево, додека на патот над провалијата било паркирано неговото патничко моторно возило „Голф“ со кичевски регистерски таблици. Од страна на Територијална противпожарна единица во Кичево лицето било извлечено и од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, соопшти полицијата.

 

Share.