„Најдоброто за нашата општина“-трибина на СДСМ во Битола

Вечерва во Битола СДСМ организираше трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ На трибината се обратија Мила Царовска потпретседателка на СДСМ, Фатмир  Битиќи потпретседател на СДСМ, Наташа Петровска градоначалничка на Битола, Бисера Костадиновска- Стојчевска пратеничка на СДСМ и Марко Михаилоски претседател на СДММ.
Заедно креираме мерки и политики што гарантираат развој, напредок и подобар квалитет на живот за сите“ порачаа од трибината.

После 4 години им гледам на Битолчани во очи, бидејќи работевме чесно, домаќински и одговорно, и имаме со што да се пофалиме и со што да се гордееме, истакна градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Таа нагласи дека општината пред четири години ја наследила со долг од 12 милиони евра од кои, 4,3 милиони за образовните институции, но и покрај тоа од самиот почеток не само што исплаќавме, туку и градевме, наведувајќи ја завршената изградба и реконструкција на десетици улици во Битола, меѓу кои и обиколницата, 15 улици во Касарната и 14 улици во Долно Оризари.

„Колку и да се обидуваат да го занемарат ова не можат, рече Петровска, и нагласи дека со 600.000 евра се поддржани спортистите и значителни се инвестициите во спортската инфраструктура. Меѓу капиталните проекти, градоначалничката на Битола ја издвои реконструкцијата на Офицерскиот дом, како гордост на градот, како и киното Манаки. Општина Битола, како единствена општина во државата во време на пандемија издвои 100.000 евра за здравствените институции“ истакна Петровска.

Пари има за сите инфраструктурни проекти, бидејќи тие не завршуваат на приватни сметки, а Битола е на врвот меѓу најтранспарентните институции во државата и така ќе продолжиме, порача градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“.

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Битола се осврна политиките на СДСМ, на реализираните ветувања во изминатите четири години.

„Воведовме поврат на ДДВ, досега вративме 36,3 милиони евра кај граѓаните како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, со новиот закон за отпис на камати и долгови предвидуваме отпис на долгови и камати на 150.000 граѓани на државата, ги изгласавме и измените на Законот за работните односи, кои беа наше предизборно ветување, а кои се однесуваат на пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж“, истакна Костадиновска.

Таа додаде дека е исполнето ветувањето за намалување на администрацијата.

„Се отвораат можности за вработување на младите, а ДДВ-то за електрична енергија го намаливме од 18% на 5%. Пред само десет дена во Собранието го изгласавме законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и коридор 10 односно делницата на автопатот Прилеп – Битола, истакна Костадиновска, додавајќи дека со ова се остварува уште едно ветување.

И сето ова во и многу повеќе сработивме во време на пандемија, во време на здравствена и економска криза, нагласи Костадинова, додавајќи дека и и во вакви услови ВМРО ДПМНЕ знаеше само да кочи и блокира, да одмага и да не гласа.

„Секогаш кога пратениците од ВМРО ДПМНЕ нема да дојдат да си ја заработат платата и да гласаат помош за граѓаните, јас ќе сум таму! Ќе гласам! Вие сте на прво место! Затоа сме избрани- да работиме за вас! Јас сум народен пратеник и таква планирам да останам! Ние сме власт на која граѓаните им се на прво место! И ако треба да одговарам, преферирам да одговарам за гласањето за петтиот пакет мерки отколку за украдени пари и наместени тендери“порача Костадиновска.

За четири години покажавме што значи да се работи одговорно и отчетно во интерес на граѓаните, за четири години направивме сериозна позитивна трансформација на секој сегмент од општеството, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа потрошени 250 милиони евра пари на граѓаните за да се креираат 15.000 работни места. Ние за 4 години обезбедивме 90.000 работни места, а за тоа само минатата година имавме потрошено 70 милиони евра, за разлика од 250 милиони евра за само 15.000 работни места. И тоа не беше доволно, во 2017 година одлучивме дека ставаме крај на отворање нови работни места кои се сиромашни работни места, затоа што тие креираат сиромаштија. Да не заборавиме дека минималната плата од 9.000 денари ја зголемивме на 14.500 денари и тогаш од опозицијата се противеа на тоа зголемување велејќи дека со тоа покачување економијата ќе крахира. Денеска минималната плата е 15.200 денари а просечната речиси на 29.000 денари и економијата не е крахирана“ порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи најави нови инвестиции во Битола, потенцирајќи дека работните места кои ќе се отворат таму ќе бидат со минимални плати многу повисоки од законскиот минимум.

„ Ние денеска преговараме за отворање на дополнителни нови 1.250 работни места ви Битола и сме пред потпишување на Договор за инвестиција од веќе постоечка фабрика, но под услов дека ќе добијат поддршка од државата само ако минималната плата што ќе ја дадат биде 22.500 денари. Е тоа е разлика, 9.000 наспроти 22.500 денари. Дали тоа е доволно? Не е, но е многу повеќе отколку 9.000 денари. Во преговори сме и за втора инвестиција, американска компанија, која ќе отвори 350 нови работни места. Зборуваме дека најдоцна до крајот на годината за две нови инвестиции во зоната во Жабени, со 1.600 нови вработувања. Така се сака татковината, не со зборови туку со работа. Нам не ни требаат ниту реклами ниту потплатени медиуми, ни требате вие затоа што вашиот глас вашето задоволство е тоа што не води напред,“заклучи Битиќи на трибината во Битола.

Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори направивме драстични промени, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Таа нагласи дека за време на претходната власт работниците беа оставени на маргините.

„ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните“ рече Царовска.

Таа најави дека новиот концепт во образование ќе почне да се применува од септември во 1 и 4 одделение.

„Тој ќе ги покаже резултатите и сите ќе застанат зад него, и оние што денес го напаѓаат, затоа што нашите деца ќе бидат задоволни, програмите ќе бидат усогласени со новото време, децата ќе научат да учат, да поврзуваат, да се справуваат со проблеми, се што денеска не учат“ истакна Царовска, додавајќи дека во образованието поставуваме амбициозни цели, мораме да брзаме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ 12 години не инвестираше во образованието, а со тоа не инвестираше во иднината.

 

„Нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји, но ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни одговорни кон нив, 30 години се задоволуваат туѓи интереси, а не на децата, а тие се иднината, затоа ние како СДСМ посветено колку да тие се непопуларни политики во моментот, ќе продолжиме да ги работиме, зашто знаеме дека многу скоро ќе станат популарни, многу скоро ќе станат продуктивни, здрави политики што ќе дадат ефект за подобри услови за живот во државата, порача Царовска.

СДСМ го има најдоброто за младите, најдоброто за студентите, но и најдоброто за секоја општина, порача претседателот на СДММ Марко Михаилоски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Тој истакна дека нa претстојните избори младите ќе бидат носител на новата победа, а она што ќе биде поразлично од понудата на останатите политички партии е гарантираната застапеност од една третина млади на листите за советници.

Сподели