Најдобро облечени познати личности за оваа недела

Вистинската мода може да биде елегантна и артистичка, но понекогаш и само забавна. Многу од најносените модели од модните писти обично се едноставни лесни и забавни за носење. Оваа недела тоа е токму она што носеа славните личности. На социјалните мрежи, на одмор дури и за во емисија во живо, забележавме многу разиграни бои и весели дизајни.
Теса Томпсон на фестивалот Санденс носеше Гучи од глава до петици.

Риана во моментов ужива одмарајќи на Барбадос и на инстаграм стави фотографија со која докажа дека и додека е на одмор таа се облекува со стил. Комотно и екстравагантно, изглед кој секој би го посакал. Риана носеше модел на Даниџо и шапка и накит од природни камења.

 

Клои Бејли оваа недела се одлучи за ретро стил како за на плажа и така се облече за во својот двор. Пејачката ибра модел на Версаче од колекцијата Пролет-Лето 2021 која беше инспирирана од ретро класичната колекција на Џани Версаче од Лето 1992 година.

 

 

Томпсон, Бејли и Риана имаа одличен стил но, најзабавниот моден момент го имаше Пријанка Чопра Џонас. Таа пронајде инспирација во приказната за филот “Белиот тигар” индивидуа чии постигнувања се толку големи што може да се роди само еден таков во цела генерација.

 

 

Моделот беше од Сејнт Џон Нитс, прв модел откако брендот ја постави за нов креативен директор Зои Тарнер. Фустанот на Пријанка Чопра беше супер шик и сладок до бескрај.

Сподели