Најквалитетниот рок бенд на балканските простори „Ван Гог” со концерт во Хераклеа

Авалон продукција го најавува својот последен календарски проект за оваа сезона во преубавите Охрид и Битола и во уште поубавите антички театри, во коишто со особено задоволство настапуваат сите артисти што Авалон ги носи таму.

Па така, за прв пат во својата кариера, сигурно во моментов најголемиот и најквалитетен рок бенд на балканските простори „Ван Гог”, ќе одржи свој концерт во античкиот театар на 6-ти август со почеток во 22 часот, а утредента, на 7-ми август, бендот ќе настапи во Хераклеа во Битола и ќе го крене за една класа погоре концертот којшто последен пат го одржаа таму во 2015 година. Навистина ќе биде интересно „Ван Гог” кој важи за бенд со техничка перфекција и беспрекорно свирење, да се слушне во ваков преубав амбиент, со сите хитови што ја одбележаа нивната три ипол децениска кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во сабота од 9 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

Сподели