Центарот за управување со кризи соопштува дека подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше.
Најкритично беше во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода.
Од Општина Долнени информираат дека состојбата во поплавените населени места полека се нормализира. Електро снабдувањето и водоснабдувањето се нормални.
Во с.Лажани според последните информации поплавени се околу 40 куќи (поплавени се дворните места, подрумски и приземни простории). Моментално се работи на санирање на штетите и испумпување на водата од поплавените простории.
Во текот на денот ќе биде извршено согледување на потребните дополнителни материјално-технички средства за надминување на оваа состојба од страна на Градоначалникот на Долнени, општинските служби и Дирекција за заштита и спасување од Прилеп.
До овој момент барања од Општина Долнени до ЦУК нема.
Синоќешното невреме предизвика штети и во скопскиот, тетовски и штипскиот регион.












