Најлош резултат на сојузниците на Меркел од 50-тите години до денес

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Христијанската социјална унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на демократите на Ангела Меркел, го забележа најлошиот резултат на изборите во Баварија по 1950 година.

Ројтерс пренесе дека гласовите на ЦСУ отишле за ултрадесницата што е чекор наназад и ќе го зголеми ризикот од поделба во рамките на тековната германската влада која се движи кон криза.

Се тврди дека според излезните анкети објавени од страна на јавниот германски медиумски сервис АРД, ЦСУ освоила 35,5 отсто од гласовите и со тоа го загуби апсолутното мнозинство во парламентот на покраината по втор пат од 1962 година. Резултатот сигурно ќе ја поттикне внатрепартиската борба која според Ројтерс веќе е тежок партнер за Меркел во Берлин.

На второ место според излезните анкети е екстремната десница Алтернатива за Германија (АФД) која за прв пат влегува во баварскиот парламент.

Ројтерс забележува дека ова значи дека ЦСУ ќе мора да формира коалициска влада што се оценува како понижување за партијата која е навикната самата да владее.

mkd.mk

Share.