Најмалку девет жртви, 1,5 милиони луѓе без електрична енергија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Моќната бура што удри во источниот дел на САД  досега одзеде најмалку девет животи, а 1,5 милиони луѓе останаа без електрична енергија. Невремето предизвикало големи поплави, а забележани се ветрови од 145 километри на час.

Гувернерите на државите Масачусетс и Њујорк прогласија вонредна состојба, а претходно тоа го сторија и гувернери на Мериленд и Вирџинија.

Националната метеоролошка служба објави дека ветровите денеска се ослабени и дека постои голема веројатност високата плима да ги  погоди Мајн, Масачусетс, Роу Аленд и Лонг Аланд, објави Ројтерс.

Share.