Најмалку петмина загинати при судир на два хеликоптера во Франција

0
221

Најмалку пет луѓе загинаа при судир на два воени хеликоптера во близина езерото Карсе, јужна Франција.

Судирот се случил помеѓу два хеликоптера за обука на војници.

– Во леталата имаше по три члена на екипажот. Телата на пет жртви се пронајдени, а уште еден член на екипажот останал заглавен под остатоците од хеликоптерот.

Истрагата за судирот на хеликоптерите е во тек.