Најмалку четворица загинати во напад во Канада

0
232

Најмалку четири луѓе загинаа во пукотница во Фредериктон, во канадската провинција Њу Брунсвик, соопшти полицијата.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, граѓаните се предупредени да не ги напуштаат своите домови.

Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти.

Според изјави на жителите , до пукање дошло околу 7:30 часот по локално време , кога се слушнале неколку истрели . По тоа имало посилно пукање од плоштадот и тоа најмалку 17 истрели.