Најмалку 11 загинати во турските напади врз цели во северна Сирија

0
129

Најмалку 11 цивили меѓу кои и пет деца, загинаа вчера во турските напади од воздух врз курдската енклава во Северозападна Сирија, Африн.

Претходно, Сирискиот центар за човекови права соопшти за осуммина загинати при бомбардирањето на село во таа област.

Во саботата Турција почна со воена операција во реонот Африн врз курдската милиција Сили за заштита на народот. Тогаш беше соопштено  за девет загинати во турските воздушни удари – шест цивили и тројца курдски борци.

novamakedonija.com.mk