Најмалку 11 повредени при судири во бегалски камп на Лезбос

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 11 мигранти, меѓу кои и едно бебе и трудница, се повредени минатата ноќ при судири со полицијата во бегалски камп на грчкиот остров Лезбос.

Грчката полиција соопшти дека судирите почнале кога група од околу 50 мигранти подметанел пожари во контејнери за смет, во знак на протест поради лошите услови за живот во кампот „Морија“

Според некои грчки медиуми, директен повод за инцидентот бил обидот на еден Сириец да изврши самоубиство. Истите извори тврдат и дека при судирите полицијата употребила солзавец.

Share.