Најмалку 13 лица загинаа, а 35 се повредени кога избувна пожар во ноќен клуб во Тајланд.
Пожарот избувнал во 1 часот по полноќ во ноќен клуб во источната провинција Чонбури, соопштија полициски претставници, пренесе Ројтерс.
Причината за пожарот се уште не е позната, а утврдено е дека сите 13 жртви се од тајландска националност.
Местото каде што избувна пожарот се наоѓа на околу 180 километри југоисточно од главниот град Бангкок.
Снимките од локалните медиуми покажуваат луѓе како бегаат од ноќниот клуб, а пожарникарите го гаснат пламенот.
Премиерот Прајут Чан-оча ги увери семејствата на жртвите дека ќе добијат помош и апелираше до објектите за ноќно излегување да обезбедат соодветни излези за итни случаи и да ги спроведат сите безбедносни мерки, пренесе Танјуг.












