Најмалку 17 убиени во пукањето во средно училиште на Флорида

0
324

Американските власти соопштија дека 19 годишен поранешен ученик застрелал и убил 17 ученици и возрасни во средно училиште во државата Флорида. Тој и се предал на полицијата без отпор.

Николас Круз претходно бил искучен од училиштето поради, како што е соопштено, „неодредени дисциплински причини“.

Тој и се предал на полицијата без отпор околу еден час по убиствата.

Шерифот на округот Брауард Скот Израел изјави дека Круз имал најмалку една пушка од типот Еј Ар 15 и многу муниција.

„Сакам да почнам со изјава до округот Брауард, до државата Флорида и до оваа нација: уште еден ужасен ден, одвратен ден. Апсолутно ми се лоши да гледам како деца кои одат на училиште, вооружени со ранци и моливи ги губат своите животи“.

Шерифот Израел додаде дека пред пукањето Круз објавувал многу вознемирувачки материјали и пораки на социјалните мрежи.

До нападот дојде пред крајот на школскиот ден во Паркланд, Флорида, на околу 70 километри северно од Мајами.