Најмалку 19 луѓе загинаа при напад врз црква во Нигерија

0
257

Најмалку 19 лица се убиени кога вооружени напаѓачи вчера отворија оган врз присутните во католичка црква во централна Нигерија, соопшти полицијата.

Меѓу настраданите се и двајца свештеници и 17 верници.

– Нападот се случи во местото Ајар-Мбалом во државата Бенуе, а напаѓачите, исто така, опожарија и 50 куќи, изјави портпарол на гувернерот на сојузната нигериска држава Бенуе, Тервер Акасе.

Во оваа држава последните недели се случија низа напади. Повеќето од нападите се поврзани со долготрајниот спор меѓу земјоделците и црковните лица.

lokalno.mk