Најмалку 21 убиени при обид за масовно бегство од затвор во Бразил

0
170

Најмалку 21 лице загинаа при обид за масовно бегство од затвор во северниот дел на Бразил.

Како што соопшти бразилската полиција, во обидот за бегство затворениците биле потпомогнати од вооружена група, која го нападнала затворот „Санта Изабел“ во сојузната држава Пара.

При тоа припадниците на вооружената група и неколкумина затвореници кои имале оружје, се судриле со полицијата.

Меѓу загинатите се 20 затвореници и еден затворски чувар. При престрелката се ранети уште петмина чувари, од кои еден е во критична состојба.

Според податоците на бразилскиот Национален совет за правда, во затворот „Санта Изабел“ имало најмалку 632 затвореници, иако неговиот капацитет бил за 432 лица.

Организациите за заштита на човековите права редовно упатуваат критики за состојбите во затворите во Бразил, кои вклучуваат и обвинувања дека дел од затворските институции се под контрола на криминални групи.

sitel.com.mk