Најмалку 25 загинати при пожар во центар за нарко зависници во Баку

0
166

Најмалку 25 лица загинаа рано изутринава во пожар во центар за рехабилитација на зависници од дрога во азербејџанскиот главен град Баку.

Претставници на азербејџанските министерства за задравство и за вонредни состојби информираа дека засега немаат податоци за точниот број на загинати при пожарот, додавајќи дека се стравува оти животите ги загубиле меѓу 25 и 30 лица.

Локалните медиуми јавија дека пожарникарите успеале од опожарената зграда да извлечат четири преживеани лица, кои се пренесени во болница, но нема информации за нивната здравствена состојба.