Најмалку 40 лица загинаа при бомбашки напад во Кабул

0
324

Најмалку 40 лица загинаа при бомбашки напад врз новинската агенција „Афган воис“ и културниот центар во близина на нејзиното седиште, изјавија официјални лица.

Заменик-портпаролот во авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 40 лица загинале, а 30 се ранети при експлозијата, најнова во серијата напади врз медиумски организации во Кабул.

Многу од загинатите се студенти бидејќи нападот случил за време на одржување тркалезна маса во културниот центар.

makfax.com.mk