Најмалку 55 загинати во судири во Нигерија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 55 лица загинаа во судири меѓу христијани и муслимани во северниот дел на Нигерија, соопшти денеска Кабинетот на нигерискиот претседател Мухамаду Бухари.

– Честите крвопролевања, што се должат на недоразбирања кои можат да се решат по мирен пат, се неприфатливи. Ниту една култура или религија не треба да го оправдува посегнувањето по човечки живот- се наведува во соопштението на Кабинетот на Бухари, кој ги осуди насилствата.

Судирите започнале во четвртокот меѓу припадници на муслиманското племе Хауса и христијанското Адара на пазар во градот Касуван Магани во сојузната држава Кадуна. По интервенцијата на полицијата ситуацијата времено се смири, но вчера група млади христијани нападнале припадници на локалната муслиманска заедница, што предизвика нови судири.

При инцидентите се опожарени неколку домови и предизвикана е поголема материјална штета.

Share.