Најмалку 55 лица починаа од студот ширум Европ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бројот на жртвите од студот во Европа се искачи до 55 лица од кои дури 30 се од Украина. Во изминативе неколку дена, температурите во Киев се спуштија до минус 23 степени.

Во последните 24 часа во Полска починаа пет лица, а вкупно 15 за четири дена, соопшти националната полиција. Три лица загинаа во Велика Британија, како резултат од снежните врнежи и студот предизвикани од атлантската бура „Ема“.

На територијата на Англија и Велс вчера беше прогласен црвен код за опасност поради лошото време. Во Велика Британија беа затворени илјадници училишта, a во Шкотска и натаму се затворени двата најголеми аеродроми.

Share.