ТЕРА

REKLAMA???

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ПРЕТОР

Утрово 9 степени на Попова Шапка, 11 Лазарополе, 12 Маврови Анови, Крушево, 14 Крива Паланка, Охрид, Берово, Претор, 15 Дебар, Битола, Прилеп, 16 Тетово, Виница, 17 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Штип, Струмица, Кавадарци, Дојран, 18 Гевгелија.

Најмногу дожд 33 л/м2 наврна во Претор, Маврови Анови 31 Попова Шапка, 25 Пожаране, 22 Тетово, 19 Крушево, Дебар, 14 Крива Паланка, 13 Битола, 12 Струмица, 10 Охрид, 7 Берово, 6 Виница, 5 Д.Капија, Гевгелија, 4 Прилеп, Ѓуриште, 3 Штип, Скопје-Петровец, 2 Скопје Зајчев-Рид, Дојран.

Во текот на ноќта и утрово преовладуваше облачно време со локални врнежи од дожд, кои беа пообилни во југозападните делови. Дува слаб до умерен ветер од севереоисточен и југоисточен правец.

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни (над 25 l/m²) и проследени со појава на грмежи. Попладне ќе има услови локално процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Битола до 22 степена.