ТЕРА

REKLAMA???

НАЈМНОГУ ТРОШИМЕ НА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ, НАЈМАЛКУ НА ЗДРАВЈЕ

Домаќинствата во 2022 година над половина од домашниот буџет  51,5 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб  191,1 кг и компир  76,3 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо  19,3 и риба 18,3 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци  170,4 литри и млеко  88,2 литри.

Над десет проценти од семејниот буџет на домаќинствата одел за режиски трошоци, додека за сообраќај трошеле по околу 16 илјади денар или 5,5 отсто, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Република Македонија за 2023 на Државниот завод за статистика.

За пијалаци и тутун, најголем дел од домашниот буџет одел за тутун  11 850 денари, потоа за  кафе, чај и какао по 4 593 денари, додека за безалкохолни и алкохолни пијалаци се трошеле исто, по 3 447 денари.

Втора најголема ставка во семејниот буџет или над 10 проценти, домаќинствата трошеле за станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива, за што во просек одвојувале по 31 486 денари и трета е сообраќајот со 5,5 проценти или 16 158 денари од домашниот буџет.

Во просек по околу 9 450 денари од семејниот буџет се трошеле за здравје и исто толку за ресторани и хотели.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2022 година. Изборот на 5.040 домаќинства е извршен преку двоетапен стратифициран примерок, при што во првата етапа е извршен избор на пописни кругови од Пописот на населението во 2021 година, а во втората етапа е извршен избор на домаќинствата за анкетирање