Најстудено во Берово со -18, во Битола -7 степени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утрово најстудено беше во Бедрово со -18 степени, -15 Скопје Петровец, Кр. Паланка, -14 Куманово, Маврово, Крушево, -13 Ѓуриште, -12 Лазарополе, Пожаране, -11 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Виница, -10 Штип, Тополчани, -8 Прилеп, Дебар, Претор, Охрид, Струмица, Д. Капија, -7 Битола, -5 Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во вечерните и ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во втората половина на ноќта на некои пониски места ќе поминуваат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд.

Утре ќе биде облачно со врнежи кои уште во текот на претпладнето на повеќе места ќе поминуваат во дожд, а попладне ќе бидат од дожд насекаде низ земјава, но ќе слабеат по интензитет. За време на викендот ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. Во сабота преку денот ќе биде главно суво, но во текот на ноќта кон недела и во недела наутро повторно ќе има врнежи претежно од дожд.

Share.