Најстудено со -16 на Попова Шапка, во Битола -6 степени

Утрово најстудено со -16 степени беше на  Попова Шапка, -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, Битола, -5 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, -4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран -2 Гевгелија,.

Времето во текот на ноќта и утринава во источните и крајните југозападни делови малку до умерено, а во западните умерено до значително облачно. Дуваше умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Денеска сончево и студено, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени, во Битола до -3 степени.

 

 

Сподели