ТЕРА

REKLAMA???

НА ГАЗА И СЕ ЗАКАНУВА КАТАСТРОФА, ПРЕДУПРЕДУВААТ ХУМАНИТАРНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

„Мора да се испорача гориво за да се обезбеди луѓето да имаат чиста вода за пиење, болниците да останат отворени и да продолжат операциите за спасување животи“, соопшти УНРВА на платформата Х.

Владата на палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, соопшти дека во текот на ноќта во израелските воздушни напади загинале 80 лица.

Американските разузнавачки агенции веруваат дека експлозијата во болницата била предизвикана од палестинска ракета која се распаднала по дефект на моторот, велат официјални лица.

Американскиот претседател Џо Бајден за копнената офанзива во Газа вели дека Израелците сами одлучуваат . Тој оваа куса изјава ја даде за време на посетата на австралискиот премиер Ентони Албанесе на Вашингтон, кога беше прашан дали побарал од Израел да ја одложи копнената инвазија.

„Постои криза на доверба меѓу (израелскиот премиер) Бенјамин Нетанјаху и ИДФ (армијата)“, наведува во уреднички коментар дневниот весник Једиот Ахронот.  „Владата има потешкотии да носи одлуки за кои сите се согласуваат за главните прашања“.

Официјален претставник на Хамас рече дека Хамас повеќе нема да ослободува заложници доколку не се дозволи проток на медицински материјали и гориво во Појасот Газа.

Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“.