На денешен ден е роден Тоше Проески

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На денешен ден, пред 39 години е роден Тоше Проески, македонската поп икона. Тој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во Хрватска, во 2007 година.

Роден во Прилеп во 1981 година, живееше во Крушево. Музичката кариера ја започнал на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“  и „Остани до крај“.

Музичко училиште учеше во Битола.

Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон.

Беше претставник на Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција,  Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“.

Ги објави албумите „Синот Божји“ , „Некаде во ноќта“ , „Ако ме погледнеш в очи“ , „Ден за нас“  „По тебе“, „Божилак“ , „Игри без граници“ .
Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.
Share.