На келнерите не им е лесно кога Доналд Трамп седнува на ручек

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е познат по строгите правила поврзани со секој аспект од неговиот живот, а неодамна беше откриено дека тој е исклучително специфичен кога станува збор за храна и пијалоци.

Вработените во хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон, каде што често ручаат Меланија и Трамп заедно со нивните деца, открија дека воопшто не е лесно да се задоволи бизнисменот и политичар, кој покрај другото, особено е загрижен поради можноста да дојде во контакт со бактерии.

Штом Трамп седне на масата (секогаш со реден број 72), келнерот дискретно му подавал мини шише со средство за дезинфекција.

„Доналд Трамп пие само диетална кока-кола“, изјави вработен во хотел за порталот Вашингтон и секој пат вработените го прашуваат дали сака сок со мраз или без мраз.

– Без оглед на одговорот, двете опции мора да бидат подготвени, а кога Трамп ќе одлучи, хотелскиот работник го започнува пропишаниот процес на сервирање на Кока-Кола во седум чекори.

Лицето кое го служи пијалакот смее да го држи шишето само во долната третина. Напивката му се сервира на Трамп исклучиво од десната страна. Трамп најчесто јаде коктел шкампи, добро испечен бифтек и помфрит. За десерт, понекогаш јаде пита со јаболка или чоколадна торта.

Но, ниту послужувањето на ручекот за него не е толку лесно. Колачите мора да пристигнат на масата на Трамп точно две минути по излегувањето од рерната, без исклучок.

Пред очите на Трамп се отвора и мини шише кечап Хајнц, за да може да го слушне звукот на отворањето и да знае дека тој претходно не бил отворен. Зачини и украси на јадењето не доаѓаат предвид.

Сподели