Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег.
Од 10:30 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци: Двориште – Струмица; Берово – Струмица и Крива Паланка – Деве Баир.
Од 05:00 часот забраната за движење на ТМВ на патниот правец Гостивар – Стража е укината.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Прилеп, Охрид, Крушево и Пресека. Појаки врнежи од снег има на Попова Шапка, Плетвар и Берово.












