Пред утрешната седница на Советот на општина Битола, на комисијата за финансии и буџет се најдоа и точките за финансискиот план за работа на ЈП „Комуналец“ за 2024 година, финансиска програма за одржување на јавната чистота на јавните површини и одржувањето на јавните зелени површии, потоа финансиски план и програма за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за следната година и програма за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година.
Го усвоија дневниот ред и започнаа со „Комуналец“. За финансиската програма за следната година кажаа за приходите и расходите, а за програмите за јавна чистота и јавно зеленило општината испланирала по 20 милиони денари, плус за уличното осветлување.
Прашањето беше колку пари вкупно ќе му требаат на „Комуналец“ за 2024 година. Одговор беше некаде околу 60 милиони денари заедно со уличното осветлување.
Директорот кажа дека имаат предвидено и 30 милиони денари за набавка на нови камиони, а парите од каде немаше прецизен одговор, но дополнитело со проектот за регионалната депонија очекуваат дополнителен број на возила.
По точката за „Комуналец“ освен прашањата на претседетелката други прашања од советниците немаше.
Претставен беше и финансискиот план и програмата за претпријатието за урбанистичко планирање.
И за за оваа точка советниците не поставуваа прашања, односно немаше ниту едно.
Следна точка беше програмата за субвенцинирање на јавни претпријатија. Опфатени се три јавни претпријатија, јавното претријатие „Пела линк“, јавното претпријатие за стопанисуставање со индустриската зона „Жабени“ и јавното претријатие „Паркинзи“.
Во моментот на расправата не беа присутни директорите на јавните препријатија, а оправдано отсуство имал дирекрото на „Пела Линк.
Беа соопштени сумите со кои би биле субвенционирани, секако ако зелено светло даде Советот.
И по оваа точки советниците немаа прашања.
Од тука и прашањето дали советниците се изморија од проблемите со финансиите кои беа актуелни со двата ребаланси на буџетот во текот на изминатите месеци, па сега останаа без прашања или своите аргументи ги чуваат за пленарната седница.












